Шолц е убеден дека Шведска и Финска ќе влезат во НАТО

Олаф Шолц и Марк Руте
Олаф Шолц и Марк Руте / Фото: EPA-EFE/LEX VAN LIESHOUT

Убеден сум дека Шведска и Финска ќе успеат да влезат во НАТО и Германија прави сѐ што е можно тоа да се случи, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц при посетата на Холандија.

„Сите сакаат Шведска и Финска брзо да станат членки, па убеден сум дека ќе успееме да донесеме заедничка одлука“, рече Шолц на прес-конференција со неговиот холандски колега Марк Руте, пренесуваат британските медиуми.

Канцеларот повтори дека Германија ги поздравува кандидатурите на нордиските земји и додаде дека има впечаток дека многу други земји го делат неговото мислење, наведуваат британските медиуми.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот