ШОКАНТНО ВИДЕО | Жена – манијак турна друга жена под воз во Њујорк, нападот не бил испровоциран

Моментот на напад на патничка на железничката станица/ Фото: Screenshot/YouTube

Неверојатна и вознемирувачка видео снимка кружи низ светот, а на неа се гледа обид за убиство. Станува збор за инцидент кој е снимен од камерите на железничката станица во Њујорк.

29-годишна девојка е обвинета за обид за убиство „откако удрила невина жена во половината и ја фрлила под воз во текот на шпицот на станицата Тајмс Сквер“.

На шокантната снимка се гледа ужасниот инцидент кога жената е турната под возот кој доаѓал на метро станицата Тајмс Сквер во Њујорк, објави Дејли Мејл.

Според американските медиуми, жртвата, на возраст од 42 години, е префрлена во болница со тешки повреди на лицето и нозете, но е во добра состојба.

По напаѓачката полицијата од Њујорк се уште трага.

Погледнете како се случи тоа:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот