Шокантно сведоштво: Косовската полиција трага по доктор осуден на 6,6 години затвор за сексуално злоставување на 15-годишното девојче

Косовската полиција трага по лекарот од Малишева, Рамадан Сопај, за издржување казна за кривични дела, сексуално злоставување лица под 16 години и полов напад.

Откако полицијата побара помош од граѓаните за неговото апсење, Лекарската комора на Косово објави дека Сопај работи како матичен лекар во  Центарот за семејна медицина „Шпетим Робај“ во Малишева и се оградува од неговите постапки.

Скандалот за сексуалното злоставување ја шокираше косовската јавност пред три години откако малолетничката собрала храброст и раскажала на нејзиното семејство дека докторот ја бакнувал и допирал на интимни места и сексуално ја злоставувал. Од семејството на жртвата тогаш изјавија дека тоа е потврдено со гинеколошки прегледи извршени во универзитетската клиника.

„Тој му рече на девојчето, соблечи се долу, девојчето му рече дека овде не чувствува болка и сака да си замине. Тој ги стави рацете на девојчето и ѝ рече ’Јас сум доктор, не можеш да си одиш‘. Тој дури почна да ја соблекува девојката и почна да ја допира и бакнува по што таа почна да вика. Некој ја отвори вратата таму, но му беше речено да ја затвори вратата затоа што бил со пациент. Таа викаше и плачеше кога излезе од таму. Кога излезе на улица замолила девојка што не ја познава да  ѝ даде телефон за да ми се јави. Полицијата го однесе девојчето на одделот за гинекологија, таму лекарите го прегледаа и видоа дека имал и сексуални односи со неа“, раскажа за Газета Експрес мајката на 15-годишното девојче во 2018 година.

Во тоа време, Центарот за семејна медицина во Малишева објави дека осудениот лекар Рамадан Сопај е суспендиран од работа.

Косовската полиција бара од граѓаните на Република Косово секој што има информации за локацијата на Рамадан Сопај, да се јави во полицијата или да пријави во најблиската полициска станица.

Докторот Сопај имал проблеми со законот и за други кривични дела. Тој во 2017 е обвинет за злоупотреба на службената положба и судир на интереси бидејќи на скоро 3000 пациенти им препишувал терапија со лекови од аптеката во неговиот син Шпенд Сопај. 

Во полициската потерница е наведено дека докторот Рамадан Сопај е осуден на 6 години и 6 месеци затвор. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот