ШОКАНТНО: Си го исекол прстот, бидејќи гласал за погрешна партија (ВИДЕО)

Дечко од Индија си го отсекол прстот во четвртокот затоа што случајно гласал за погрешна партија во втората фаза на парламентарните избори во северната држава Утар Прадеш.

Паван Кумар (25) од северната држава Утар Прадеш вели дека случајно ја поддржал владеачката партија затоа што се збунил поради големиот број на симболи на машината за гласање, а бидејќи веќе бил обележан со спрејот се определил за осакатување.

-Сакав да гласам за слон, но гласав за цвет. Отидов дома и со сатар си го искеков прстот, објаснува Кумар.

Инаку на машината покрај имињата на кандидатите се наоѓаат и симболи на нивните партии, па така цветот лотос му припаѓа на Бахарати Џанат, партија која е на власт, додека слонот е знакот на Бахуџан Самаџ.

Во оваа земја со голема стапка на неписменост во поедини региони, сликите се начин гласачите полесно да ги препознаат гласачите.

Ова е првпат Кумар да гласа, а неговиот брат вели дека тој бил многу среќен додека не открил каква грешка направил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот