Шокантно откритие на тенисерка: Молчевме дека на Ролан Гарос имаше заболени од коронавирус

Ализ Корне/фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Француската тенисерка Ализ Корне откри дека за време на Ролан Гарос имало доста тенисери и тенисерки кои биле позитивни на коронавирус, но за тоа не се зборувало во јавноста.

Корне се огласи во јавноста откако денеска двајца тенисери Матео Беретини и Марин Чилиќ се повлекоа од Вимблдон бидејќи се позитивни на коронавирус.

– Секогаш имаше играчи кои се повлекоа бидејќи беа болни. Не сакам да го потценам вирусот, има играчи кои имаат гастроентеритис, грип… Пред неколку години имаше масовни проблеми на турнирите бидејќи немаше свежа храна. Имаше двајца, тројца, четворица играчи кои се повлекоа, тоа беше само лоша среќа. За болните од гастроентеритис не се воведува никаков протокол – рече Корне и потоа откри дека на Ролан Гарос имало доста заболени од ковид-19.

– Коронавирусот влезе во навиките на луѓето иако има вакцини. На Ролан Гарос имаше епидемија на ковид-19, но никој не зборуваше за тоа. Сите во соблекувалната го имаа, а ние се договоривме да не зборуваме за тоа. Кога такви работи ќе се појават во медиумите тоа може да предизвика хаос.

Француската тенисерка се надева дека поради враќањето на коронавирусот на турнирите и појавата на Вимблдон, би требало да е воведе итен итен протокол за остатокот од турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот