Шокантно откритие на светските лекари: Коронавирусот се појавил во ноември?

Во весник во Хонгконг се појави текст со дотогаш необјавени официјални податоци според кој првите случаи во Вухан – кинескиот град во кој пандемијата на Ковид-19 започна – можеби се појавиле уште на 17 ноември, а не во декември како што тврдеа кинеските власти.

Што се однесува до Велика Британија, првите случаи се потврдени на 31 јануари, кога двајца Кинези, кои од странство пристигнале во Јорк, биле позитивни на Ковид-19, а првиот случај на трансмисија на територијата на Британија е забележан на 28 февруари.

Но, многумина во таа земја се сомневаат во официјалната верзија на временскиот тек на настаните, а писателката Кетрин Мајер верува дека е можно дека нејзиниот покоен сопруг, Енди Гил, гитарист на бендот „Генг оф фор“, е една од првите жртви на Ковид-19 во Велика Британија. Тој кога се вратил од турнеја во Кина, ноември минатата година, се разболел следниот месец, имал бројни симптоми на Ковид-19, а починал на 1 февруари. Неговите лекари се сомневале дека се работи за можност дека тој бил заразен со новиот коронавирус, но временската рамка не им делувала веројатна.

Потоа, се појавиле тврдења дека тој вирус на европската територија бил веќе во декември, а една париска болница повторно тестирала примероци на пациент заболен од воспаление на белите дробови, за кого така било утврдено дека всушност го имал тој вирус.

Мајер тогаш се обратила на лекарите-специјалисти на нејзиниот маж, кои се сложиле со тоа дека можеби станувало збор за коронавирусот.

Таа подоцна утврдиле дека и менаџерот за турнеи на Гил бил заболен од тежок облик на респираторна инфекција, а во декември умрел и нејзиниот очув, што само повеќе и укажувало на помислата дека станува збор за Ковид-19.

– Сега знаеме дека вирусот овде бил и подолго време, со новите вируси секогаш е така пред да ги откриете, рекол еден експерт.

Иако се воспоставило дека кај 1,5 отсто од дарителите на крв во Британија постоеле антитела на Ковид-19 уште од март, што секако укажува на можноста вирусот да стигнал порано од тоа што се мислело, без повторни анализи на брисеви или примероци на крв или ткива тоа не е можно да се утврди со точност, заклучува авторот на анализата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот