Шокантни резултати од истражување: Заразените со коронавирус имаат 59 отсто поголем ризик од смрт и шест месеци по заразата

Фото: Профимедиа

Според масовната студија објавена во магазинот „Nature“ откриено е дека лицата кои се заразени со коронавирус имаат 59 отсто поголем ризик од смрт и тоа дури шест месеци после заразата. Друга студија која ја објави Американскиот центар за превенција од болести, исто така пронајде долготрајни симптоми кај пациенти со ковид-19, а кои на почетокот имале благи симптоми.

59 отсто поголем ризик од смрт 6 месец по заразата

Истражувачите испитувале повеќе од 87.000 пациенти со коронавирус и речиси 5 милиони контролни пациенти во сојузната база на податоци. Откриле дека пациентите со ковид-19 имаат 59 отсто поголем ризик од смрт и тоа 6 месеци после заразата, во споредба со незаразените луѓе.

Наодите се претвораат во околу осум дополнителни смртни случаи на 1.000 пациенти во текот на 6 месеци, бидејќи многу смртни случаи предизвикани од долгорочни компликации со ковид-19 не се пријавени како смртни случаи од коронавирусот, велат членовите на истражувачкиот тим.

Потежок случај на коронавирус – поголема шанса за долгорочни здравствени проблеми

-Кога станува збор за вкупниот број на жртви од пандемијата, овие бројки покажуваат дека смртните случаи кои ги броиме заради непосредната вирусна зараза се само почетокот, изјави д-р Зијад Ал-Али, виши автор на студија и директор на Клиничкиот епидемиолошки центар во Ветеранс Аферс во Сент Луис, наведено е во соопштението од Универзтитетот во Вашингтон.

Универзитетот Џонс Хопкинс наведува дека повеќе од 3 милиони луѓе ширум светот и околу 570.000 луѓе во САД починале од причини поврзани со коронавирусот. Според новата студија, пациентите со коронавирус на долг рок исто така имале многу поголеми шанси да се разболат, и тоа не само од болести поврзани со респираторниот систем.

Пациентите имале висока стапка на мозочен удар и други болести на нервниот систем, психички проблеми како депресија, почеток на дијабетес, болести на срцето и други коронарни проблеми, дијареа и дигестивни пореметувања, заболувања на бубрезите, згрутчување на крвта, болки во зглобовите, губење на косата и општ замор. А што е потежок случајот на ковид-19, толку е поголема шансата за долгорочни здравствени проблеми, се наведува во студијата.

Нови симптоми после 6 месеци

-Нашата студија покажува дека до 6 месеци после зараза со ковид-19, па дури и кај благите случаи, ризикот од смртта не е мал и се зголемува со тежината на болеста. Со оглед на тоа дека повеќе од 30 милиони Американци се заразени со овој вирус и бидејќи последиците се долготрајни, ефектите од оваа болест ќе се чувствуваат уште многу години, па дури и декади, нагласи д-р Зијад Ал-Али.

Во меѓувреме, ЦДЦ во петокот објави ново истражување на луѓе кои имале полесни случаи на коронавирус, што открило дека скоро две третини од нив се вратиле на лекар во рок од 6 месеци по првичните инфекции, со нови симптоми, пренесува „еКлиника“.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот