Шокантни детали: Како Брижит го „украла“ Макрон од својата ќерка

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата 24 години постара сопруга Брижит се венчаа во 2007 година и тоа една година по нејзиниот развод од банкарот Андре Луис Озиер.

Не е познато кога ја започнале врската, но родителите на Макрон силно се противеле на оваа врска.

Малку е познато дека во претседателот на Франција била заљубена ќерката на Брижит, Лоренс Озиер. Таа со Емануел одела во средно училиште и таа постојано зборувала за него и било многу очигледно дека и се допаѓа, изјавија пријатели блиски до семејството.

Но, во меѓувреме, нејзината мајка лудо се заљубила во него и ги шокирала сите. Тоа го откри помалата ќерка на Брижит, Тифани Озиер во документарецот „Брижит-Макрон: Француска новела”. Тифани призна дека за неа, нејзината , нејзината постара ќерка и постариот брат Себастијан тоа било трауматично искуство. Макрон многу брзо започнал да доаѓа кај нив, но не кај сестрата, туку кај мајката, која му предавала француски јазик и му држела часови по глума.

– Беа воодушевени еден од друг и тоа сите го гледаа. Никој тоа никако не можеше да го сокрие. Таткото откако видел што се случува, веднаш се иселил од куќата. Се преселил во Лил, каде, инаку, работел – откри Тифани.

Родителите на Емануел тогаш го испратиле во Париз да го заврши школувањето, но тој успеал да ја одржи врската на далечина со Брижит.

– Нема така лесно да се ослободиш од мене. Ќе се вратам по тебе и ќе те оженам – и кажал Макрон на својата тогашна учителка, мажена жена со три деца.

Макрон и Брижит 13 години ја одржува врската на далечина, а кога таа во 2006 година се разведе од својот сопруг, тој ја запроси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот