Шокантната одлука на Меси предизвика бура, дали е време за преселба во Премиер лигата?!

Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Како бомба одекна веста дека Лионел Меси ги прекина разговорите со Барселона за новиот договор со што започна лавина шпекулации за неговата иднина.

За очекување е шпекулациите да траат цела година, односно до идното лето кога истекува договорот на Меси со Барселона.

Нормално, уште денеска започнаа гласините дека Меси идната година доколку не се смени управата на Барселона, ќе си замине од „Камп Ноу“ и конечно ќе заигра во Премиер лигата-нормално во Манчестер сити.
Оваа вест ја пренеси новинарот на Фокс Америка, Кристијан Мартин.

– Моите извори во Каталонија и во Англија ми потврдија – заминувањето на Меси од Барселона и трансферот во Сити е реалност – објави Мартин.

Лионел Меси/EPA-EFE/LAVANDEIRA JR

Иако новинарот на Фокс Америка засега не е етаблиран како релевантен извор во фудбалскиот свет, сепак неговите зборови беа доволни за да покрена лавина реакции.

Аргентинецот во Сити би го пречекал Пеп Гвардиола кој му беше тренер во Барселона и заедно освоија две титули во Лигата на шампионите и три во Ла Лига, а директори се Чики Бегиристаин и Феран Соријано со кои соработуваа заедно со Барселона и Меси има само повални зборови за нивната работа.

Меси и Гвардиола/ фото: твитер

Исто така во Манчестер сити би го дочекала и добра средина каде се е подредено на фудбалерите и на успесите на терените и „граѓаните“ се можеби единствени кои можат да го убедат Меси да си замине од Барселона.

За разлика од Кристијан Мартин, медиумите во Шпанија, посебно тие мадридските сметаат дека Меси најверојатно ќе остане во Барселона и по 2021 година, но тоа ќе значи дека претседателот Хосеп Мариа Бертомеу и спортскиот директор Арик Абидал, кои му работеа зад грб на својот најдобар фудбалер, ќе мора да си заминат.

Меси ги прекина преговорите за продолжување на договорот!?

Идното лето се претседателските избори во Барселона и за очекување е гласот на Меси највеќе да се слуша и тој сигурно сака да ги види Беромеу и Абидал како си заминуваат од „Камп Ноу“.

Уште еден адут за Меси според мадридските медиуми, е противкандидатот на Бертомеу, Виктор Фонт кој веќе има договор со Чави да седне на тренерското столче додека директорка позиција го очекува поранешниот капитен Карлес Пујол. Токму Пујол и Чави кои се големи пријатели со Меси, се адутот за останување на Аргентинецот и по 2021 година.
Како и да е, се очекува во наредната година фудбалските вести да бидат полни со иднината на Лионел Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот