Шокантна снимка: Затвореници се обидуваат да се заразат со коронавирус за да ги пуштат од затвор (ВИДЕО)

Група на затвореници во затворот во Калифорнија се фатени на безбедносните камери како намерно се инфицираат со коронавирусот со цел порано да бидат пуштени на слобода.

Изненадниот пораст на Ковид-19 случаи во затворот во средината на април бил без објаснување, се до сега, пренесува ABC news.

Шерифот на округот Лос Анџелес, Алекс Виланова во понеделник соопштил дека 21 затвореник успешно се заразиле еден со друг со вирусот. Затворениците пиеле топла вода од иста чаша и дишеле во една иста маска.

На шокантната снимка од безбедносните камери од 25 април од дневната соба во затворот се гледа како затвореник зема голтка од чашата, а потоа ја додава на следниот затвореник.

– Со помош на топла вода пробувале лажно да ги зголемат температурните читања за да создадат симптом за Ковид-19, изјави Виланова.

Се гледа како тие делат иста чаша и се групираат на едно место, наместо да практикуваат социјално дистанцирање.

– Меѓу нив постои лажно верување дека, доколку бидат позитивни, ќе бидат пуштени од затворот, а тоа нема да се случи, истакна шерифот.

Вилнаова истакна дека 21 маж од блокот со 50 луѓе се инфицирани со вирусот, не нема да им биде дозволено вирусот да го однесат дома, како што се надевале додека се обидувале да се заразат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот