Шокантна снимка од Трамп: Ослободете се од Јовановиќ, исфрлете ја утре, не ме интересира (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/Ron Sachs

Во аудио клипот објавен денеска со американскиот претседател Доналд Трамп од донаторска вечера во 2018 година, се слуша како тој енергично зборува за разрешувањето на тогашната амбасадорка во Украина, Мари Јовановиќ и во еден момент вели: „Ослободете се од неа!“

Скоро 90-минутната снимка јавно ја сподели адвокатот Лев Парнас, бизнисмен, роден во тогашниот Советски Сојуз, кој тогаш работеше со адвокатот на Трамп, Руди Џулијани, на разрешувањето на Јовановиќ, што конечно се случи во април 2019 година.

„Исфрлете ја утре. Не ме интересира. Направете го тоа, во ред“, се слуша како Трамп зборува во видеото, јавува Си-Ен-Ен, чии новинари ја преслушаа снимката, но не можеле да ги идентификуваат другите говорници освен Трамп.

Снимката покажува нов фокус на поврзаност меѓу американскиот претседател и Парнас, за кој тврди дека никогаш не го запознал, како и желбата да ја тргне Мари Јовановиќ, што е едно од обвиненијата во процесот за негово повлекување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот