Шокантна снимка од ковид амбулантата во Крагуевац: Вака изгледаат медицинските работници по шестчасовна смена, чизмите им се полни со вода (ВИДЕО)

Фото: KURIR.RS/D.A.

Во Крагуевац дури 700 граѓани се заразени од смртносниот вирус. Во последните 24 часа – 56 се новозаболени.

Снимките и фотографиите од медицинските работници од ковид амбулантата при Клиничкиот центар Крагуевац по шестчасовна смена, ги покажуваат натчовечките напори на хероите во доба на корона и желбата да се спасат човечки животи.

Фото: KURIR.RS/D.A.

Докторите и техничарите и покрај клима уредите кои работат нон стоп, се облеани постојано во пот и со испотени раце го дочекуваат крајот на смената и сите велат „да, тешко е, но мора. Животи се во прашање“.

Фото: KURIR.RS/D.A.

Во Крагуевац дури 700 граѓани се заразени од смртносниот вирус. Во последните 24 часа – 56 се новозаболени. Директорот на оваа здравствена установа, д-р Предраг Саздановиќ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките.

Фото: KURIR.RS/D.A.

-Здравствениот систем е презаситен, ние сме на работ на силите. Мораме да покажеме одговорност во овој момент. Борбата против коронавирус е национален проблем број еден во овој момент, вели Саздановиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот