7 C
Скопје

Шокантна снимка од ковид амбулантата во Крагуевац: Вака изгледаат медицинските работници по шестчасовна смена, чизмите им се полни со вода (ВИДЕО)

Во Крагуевац дури 700 граѓани се заразени од смртносниот вирус. Во последните 24 часа – 56 се новозаболени.

Снимките и фотографиите од медицинските работници од ковид амбулантата при Клиничкиот центар Крагуевац по шестчасовна смена, ги покажуваат натчовечките напори на хероите во доба на корона и желбата да се спасат човечки животи.

Фото: KURIR.RS/D.A.

Докторите и техничарите и покрај клима уредите кои работат нон стоп, се облеани постојано во пот и со испотени раце го дочекуваат крајот на смената и сите велат „да, тешко е, но мора. Животи се во прашање“.

Фото: KURIR.RS/D.A.

Во Крагуевац дури 700 граѓани се заразени од смртносниот вирус. Во последните 24 часа – 56 се новозаболени. Директорот на оваа здравствена установа, д-р Предраг Саздановиќ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките.

Фото: KURIR.RS/D.A.

-Здравствениот систем е презаситен, ние сме на работ на силите. Мораме да покажеме одговорност во овој момент. Борбата против коронавирус е национален проблем број еден во овој момент, вели Саздановиќ.

 

Поврзани вести

САД воведоа санкции кон иранската група Шахид Меисами

И.И.

ВИДЕО+ФОТО: Чешка повторно ги отвори баровите, рестораните и продавниците

Слободен печат

Жестока дебата – Жерновски кон Јанушев: Мицкоски пет дена се крие за лагата дека во Софија ни се распарчува државата

Слободен печат

Жерновски: Правиме сè за да не дојде до вето, не знам до каде е спремна да оди бугарската страна

Слободен печат

СДСМ: Срамно е што среде пандемија ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за здравствена заштита

Слободен печат

ФОТО + ВИДЕО: Бројката на загинати во експлозијата во Бристол се искачи на четворица

И.И.

Остави Коментар