Шокантна одлука на Куман, Меси нема да игра против Динамо Киев

epa08782094 Barcelona?s Lionel Messi (C) in action during the UEFA Champions Legue soccer match between Juventus FC and FC Barcelona, in Turin, Italy, 28 October 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси не е дел од тимот на Барселона која утревечер му гостува на Динамо Киев во четвртото коло од Лигата на шампионите.

Покрај Меси, во тимот на Барселона не се наоѓа ниту Френки Де Јонг, и двајцата играчи добија поштеда од тренерот Роналд Куман.
Куман претхофно најави дека Де Јонг кој досега ги одигра сите натпревари на Барселона, мора да добие одмор. Идентична е сликата и со Меси, тој ги одигра сите натпревари за својот тим, а згора на тоа одигра и 180 минути за аргентинската репрезентација во квалификациите за СП 2022 по што евидентно е дека му е потребен одмор.

– Одлучивме Меси и Де Јонг да не одат во Киев бидејќи имаме повредени играчи, а ситуацијата во Лигата на шампионите е добра за над. Имаме девет бода и време е за одмор за некои фудбалери – изјави Куман.

На нивното место Куман се одлучи во Киев да ги понесе јуниорите Ињаки Пења, Мингуез и Конрад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот