Шокантна исповед на поранешен грен слем финалист: Немав што да јадам, молев да храна

Филипусис во кариерата заработи околу седум милиони долари, играше во финалето на Вимблдон и на УС Опен и освои 11 титули/фото: EPA/RAJAT GUPTA

Поранешниот австралиски тенисер Марк Филипусис, во кариерата заботи околу седум милиони долари, играше во две грен слем финалиња, на Вимблдон и УС Опен, освои 11 титули и беше осми тенисер на светот, но животот му беше далеку од идеален.

Филипусис мораше предвреме да ја заврши кариерата поради повредите и операциите кои го доведоа во одреден момент да нема што да јаде и да моли за храна.

– Мојот сон беше да станам професионален тренер и семејството поради тоа многу ризикуваше. Татко ми имаше добра работа во банка, но даде отказ да ми помогне да го исполнам сонот. Добрата вест е дека успеав и татко ми и мајка ми повеќе не мораа да работат, Но, подоцна се најдов во тешка ситуација – открива Филипусис за медиумите во Австралија.

Тој бил принуден да бара помош од пријателите.
– Неколку месеци бев во „аут“. Не можев да си дозволам ништо да си купам, ги молев пријателите да ми дадат пари за храна. Седум дена јадевме само тестенини од зелка кои мајка ми ги нарекуваше „храна за сиромашни“. Најлошо ми беше да гледам како семејството пати поради моитре грешки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Philippoussis (@mphilippoussis)

Поранешниот тенисер признава дека трошел повеќе отколку што заработувал и дека во еден момент поседувал неколку луксузни автомобили и 15-тина мотори.

Филипусис открива дека еднаш купил автомобил од 100.000 долари само затоа што во тие моменти не можел да најде такси.

– Ми беше срам од моите родители. Моја одговорност беше да се грижам за нив бидејќи ми помогнаа да го остварам сонот. Но, потоа паднав во депресија. Нема поголема болка од тоа да ги гледате најмилите како патат поради вашите грешки – вели Филипусис.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот