ШОКАНТЕН СЛУЧАЈ ВО БИХ: Надзорна камера сними човек како силува куче (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/уск.инфо

Шокантен случај го потресе градот Бихаќ во Босна и Херцеговина, каде во Министерството за внатрешни работи е пријавен случај на силување на куче, пренесе „Блиц“.

Како што потврди портпаролот на Унско-санскиот кантон Але Шиљдедиќ, пријавата стигнала од сопственикот на кучето, објави „Аваз“.

Сопственикот на кучето во непостредна близина од локацијата каде го чува куќето поставил опрема за видеонадзор, а кога ги прегледал снимките, не можел да поверува што се случува.

– Пријавено ни е силување на куче. Сопственикот на животното на видео-снимка од неговата куќа забележал дека некој го силува неговото куче. Тоа е чин на засега непознат човек, по кој се уште трагаме – рече Шиљдедиќ.

Одредени медиуми објавија дека кучето било силувано од страна на мигрант.

– На основа на снимката не може да се заклучи дека станува збор за мигрант. Тоа што е сигурно е дека сопственикот смета оти сторител на ужасното дело може да биде мигрант – рече портпаролот, а пренесе „Српскаинфо“.

Вознемирувачкото видео можете да го погледнете овде.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот