Шокантен раст на повредите на фудбалерите во Ла Лига од 105 проценти

epa08529809 FC Barcelona's Luis Suarez (2L) during the Spanish La Liga soccer match between Villarreal CF and FC Barcelona at La Ceramica stadium in Villarreal, eastern Spain, 05 July 2020. EPA-EFE/DOMENECH CASTELLO

Во своја студија шпанска „Марка“ предвиде дека од продолжението на сезоната која е прекината поради пандемија на коронавирусот ќе има 111 повреди во 11 кола.

На крајот резултатот испадна уште поголем, во шпанската Ла Лига имало 116 повреди во 11. кола. Според статистиката на ФИФА и на УЕФА за изминатите 20 години, во тој период вообичаено имало 80 повреди, што значи дека оваа година бројот на повреди е поголем за 45 проценти.

Според „Марка“ годинава имало 82 повреди на мускулите на фудбалерите, што е зголемување за дури 105 проценти. Истражувањето покажа дека повредите најчесто се случувале во последните 30 минути од натпреварите, а како одминуваше сезоната тој период се „спушташе“ од 30. до 60. минута.

Тим со највеќе повредени фудбалери е Ваљадолид кај кого дури 15 фудбалери, а најмалку има кај Виљареал и Леванте, само по две повреди.

„Со два натпревари во рок од пет дена, невозможно е да се видат позитивните ефекти од зачестеноста на повредите. Немањето специјални тренинзи влијаеа на зголемувањето на повредите на мускулите“, пишува „Марка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот