ШОК ЗА РУСИЈА: ВАДА и забрани настап на „зборнаја“ на Мундијалот 2022?

ТВИТЕР

Катарската телевизија БеИН спортс објави на својот официјален Твитер профил дека Светската антидопинг агенција ја суспендира руската фудбалска репрезентација од идното светско првенство во 2022 година.

Катарската телевизија тврди дека ВАДА за својата одлука веќе ги известила надлежните руските тела, меѓутоа во Москва тврдат дека сè уште ништо не знаат за ова.


Интересно е што ниту ФИФА во изјава за руската новинска агенција ТАСС не сакаше ниту да ја потврди ниту да ја демантира оваа вест.

„ Немаме нови податоци за оваа ситуација уште од декември минатата година. Тогаш објавивме дека ФИФА беше во постојан контакт со ВАДА во врска со идните одлуки на Извршниот одбор на антидопинг телото во фудбалот“, објави ФИФА.

Генералниот директор на Руската антидопинг агенција (РУСАДА) Јури Ганус за Тасс изјави дека од ВАДА не добил никакви документи за евентуалната суспензија на Русија од СП 2022 година, а истото го тврдат и во Руската фудбалска федерација.

На почетокот од декември минатата година, ВАДА донесе одлука да ја суспендира Русија од големите спортски натпреварувања во наредните четири години. Одлуката на ВАДА значи дека сите спортисти кои нема да можат да докажат дека не се допингувани нема да настапат на ОИ во Токио, а тие што ќе добијат дозвола за настап ќе се натпреваруваат под олимпиското знаме.

твитер

РУСАДА е прогласена за виновна откако ВАДА заклучи дека во лабораторијата во Москва се манипулирало со примероците, се подметнувале лажни докази и се бришела документација во која имало наоди за позитивни допинг тестови.

Веднаш по одлуката на ВАДА, ФИФА бараше појаснување од светската антидопинг агенција дали Русија ќе може да настапи на СП 2022 година и доби интересен одговор.

„Доколку Русија се квалификува на СП 2022 нема да смее да настапи под тоа име и веќе е поставен механизам според кој ќе може да поднесе барање за настап на неутрална основа – изјави тогаш Џонатан Тејлор, претседателот на комисијата за жалби при ВАДА.

Катар ќе биде домаќин на Мундијалот во 2022 година кој ќе се игра од 21 ноември до 18 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот