Шок за Ред Бул, Хонда ја напушта Формула 1

epa08700966 Thai Formula One driver Alexander Albon of Aston Martin Red Bull Racing in action during the Formula One Grand Prix of Russia at the race track in Sochi, Russia, 27 September 2020. EPA-EFE/Pavel Golovkin / Pool

Јапонскиот производиел Хонда денеска објави дека во 2021 година си заминува од Ф1.

Хонда се врати во Формула 1 во 2019 година кога се договори со Ред Бул. Јапонскиот производител освен со австрискиот тим, со мотори го снабдуваше и Торо Росо, односно Алфа Таури како што сега се нарекува овој тим.

Сепак, откако не успеаја заедно со Ред Бул да направат болид кој ќе се боди за титулата, Хонда одлучи да се повлече од Формула 1.
Хонда во својата прва сезона од соработката со Ред Бул во 2019 година имаше три победи и тоа на трките во Австрија, Германија и Бразил, додека оваа сезона Макс Ферстапен победи на Силверстоун додека Пјер Гасли триумфира на трката во Монца.
Освен неможноста да биде сериозен конкурент на Мерцедес, уште една главна причина за заминувањето од Ф1 на Хонда се големите финансиски трошоци.
– Почнавме да пресметуваме колку ќе не чини настапот во Формула 1 со новите правила. Тешко е за сите производители на автомобили бидејќи сите се поголем акцент ставаат на електричните автомобили. Затоа во рамките на компанијата разговаравме и одлучивме да се повлечеме. Нашата главна цел е да победиме, кога ќе одлучиме да учествуваме сакаме победи – изјави директорот на Хонда, Масаши Јамамото.

Тимот на Ред Бул сега треба да започне да бара нов снабдувач со мотори за 2022 година, а како главен фаворит за нов партнер на австрискиот тим се споменува францускиот Рено. Ред Бул и рено имаа одлична 11-годишна соработка која заврши во 2018 година. Себастијан Фетел ги освои четирите шампионски титули во Ред Бул токму со агрегатите на Рено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот