Шок за Реал: Наместо „Златната топка“, Бензема ќе добие затворска казна?

Франција на СП 2022 без освојувачот на „Златната топка“, Карим Бензема/фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Судот во Париз го доби предлогот на обвинителството во кој се бара фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема да биде осуден на десет месеци затворска казна и да плати 75.000 евра, пренесе новинската агенција АФП.

Бензема не се појави на судењето каде е обвинет дека заедно со уште четири лица го уценувал колегата од француската репрезентација репрезентативниот соиграч Матие Валбуена во 2015 година, со секс снимка.

Бензема наводно заедно со уште четири лица барал помеѓу 50.000 и 100.000 евра за спорната секс снимка да не биде објавена во јавност.

Обвинителите тврдат дека Бензема го поттикнал Валбуена да ја плати бараната сума на уценувачите.
Бензема дури и добро помина со предложената казна бидејќи обвинителите за неговите пријатели Карим Зенати и Мустафа Зуауи бараат затворска казна од две, односно четири години и дополнителна финансиска казна.

Адвокатите на Валбуена пак бараат од играчот на Реал Мадрид да плати дополнителни 150.000 евра поради повреда на угледот.

Конечната одлука ќе биде донесена утре, а доколку судот во Париз го усвои предлогот на обвинителството, Карим Бензема наместо „Златната топка“ за најдобар фудбалер ќе добие затворска казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот