Шок за Наполи, Елмас остана на клупата! (ВИДЕО)

facebook.com/SSCNapoli

Фудбалерите на Интер го совладаа Лацио на домашен терен со 1:0 (1:0), во рамките од петтото коло во најсилното италијанско првенство.

„Неро-аѕурите“ така останаа максимални после пет одиграни кола, со само еден примен гол. Победата на дербито во оваа рунда од натпреварувањето им ја донесе Данило Д`Амброзио во 23 минута, после центаршутот на Кристијано Бираги.

Играчите на Каљари го направија најголемото изненадување славејќи на гостувањето кај вицешампионот Наполи (0:1).

За целосен шок на „Сан Паоло“ се погрижи Лукас Кастро во 88 минута, а изненадува фактот што домашниот тренер Карло Анчелоти не му даде шанса на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој пред два дена го прослави 20 роденден. На клупата за резерви остана и Горан Пандев во ремито на неговата Џенова дома против Болоња (0:0).

Во останатите денешни средби: Рома-Аталанта 0:2, Фиорентина-Сампдорија 2:1, Парма-Сасуоло 1:0, СПАЛ-Лече 1:3. В четврток од 21.00 часот силите ќе ги одмерат Торино и Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот