Шок за баварците, тренерот кој освои тројна круна со Баерн си заминува на крајот од сезоната

epa08710720 Hans Dieter Flick, head coach of FC Bayern Munchen looks on after the Supercup 2020 match between FC Bayern Munchen and Borussia Dortmund at Allianz Arena in Munich, Germany, 30 September 2020. EPA-EFE/Alexander Hassenstein / POOL CONDITIONS - ATTENTION: The DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Трнеерот на Баерн Минхен, Ханси-Дитер Флик на крајот од сезоната може да ја напушти клупата на Баерн Минхен иако договорот му истекува 2023 година, пишува „Билд“.

Флик откако минатата сезона го наследи Нико Ковач на клупата на баварскиот тим, ја освои тројната круна со Баерн, триумфира во Бундеслигата, во германскиот Куп како и во Лигата на Шампионите.

Баерн сезонава игра променливо, лидери се во Бундеслигата, но сензационално испаднаа во Купот и тоа од второлигашот Кил, додека одиграа одлично во групната фаза во Лигата на шампионите.

Но „Билд“ пишува дека по завршување на сезоната постои огромна можност Флик да ја напушти клупата на Баерн и да седне на клупата на германската репрезентација. Актуелниот селектор Јоаким Лев најверојатно си заминува од германската репрезентација по Европското првенство кое ќе се одржи во во јуни и јули годинава и во Германската фудбалска федерација се надеваат дека Флик ќе се согласи да биде нов селектор. Работата со репрезентацијата не е непознаница за Флик, тој од 2006 до 2014 година му беше помошник на Лев.

Како една од причините за заминување од Баерн, весникот го наведува несогласувањето на Флик со спортскиот директор на баварците, Хасан Салихамиџиќ поради трансфер политиката. Салихамиџиќ освен што го донесе Лерој Сане, не му исполни ниту една желба на Флик, како што беше откупувањето на договорот на Иван Перишиќ, ангажманот на Тимо Вернер кој потпиша за Челси и не ја освежи одбраната со нови лица иако сезоната токму тоа е најслабиот дел од тимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот