Шок за Барселона, Адејеми ја одби понудата и ќе биде наследник на Халанд во Борусија

Карим Адејеми ќе оди по стапките на Ерлинг Халанд и одСалцбург ќе се пресели во Борусија/ фото: EPA-EFE/Philipp Guelland

Напаѓачот на Салцбург, Карим Адејеми не сака кариерата да ја продолжи во Барселона туку во Борусија Дортмунд каде би го наследнил Ерлинг Халанд.

Младиот германски репрезентативец наводно проценил дека во овој дел од кариерата подобро би му било да се пресели во Борусија Дортмунд, отколку во Барселона која веќе достави официјална понуда од 40 милиони евра.

Оваа вест ја објави новинарот на Скај спорт Германија, Макс Билефелд, кој тврди дека Адејеми одлучил да ја прифати подобрата понуда на Борусија Дортмунд како и дека трансферот е 90-95 отсто завршен.

Адејеми во Борусија Дортмунд ќе дојде како замена за Ерлинг Халанд кој идното лето се очекува да си замине од „Сигнал Идуна Парк“. Откупната клаузула на Халанд од 1. јули 2022 година ќе изнесува само 75 милиони евра, сума која без проблем можат да ја платат екипи како Реал Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ, Манчестер сити, Челси, Манчестер јунајтед кои се заинтересирани за Норвежанецот.

Се очекува Борусија да плати помеѓу 35 и 40 милиони евра обесштетување за Адејеми. Младиот фудбалер потекнува од академијата на Баерн Минхен, но никогаш не доби шанса кај баварците, по што преку Унтерахинг стигна во Салцбург во 2018 година.

Карим Адејеми има 19 години и за првиот тим на Салцбург одигра 76 натпревари на кои постигна 25 гола и имаше 17 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот