Шок за Баерн: Ернандес една година во затвор бидејќи ја прекрши судската наредба!

Лукас Ернандес мора доброволно да оди во затвор во рок од 10 дена/Фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Како што информира „АС“, Лукас Ернандес мора да се појави во Мадрид на 19 октомври годинава кога од него лично ќе биде побарано доброволно да оди во затвор во рок од 10 дена по неговиот избор.

Уште во февруари 2017 година, Хернандес и неговата сопруга Амелија имаа жестока расправија на јавна улица, полицијата интервенираше и двајцата беа уапсени. Судот во Мадрид потоа ги осуди на 30 дена општокорисна работа и забрана да се гледаат во период од шест месеци.

Но, двајцата не можеа да издржат еден без друг и заедно отпатуваа на непозната локација за да го прослават својот меден месец. По враќањето, Ернандес беше уапсен, а судијата ја претвори првобитната казна во едногодишна затворска казна. Напорите на адвокатот на играчот да ја претвори казната во општокорисна работа беа неуспешни, а откако беше одбиена последната жалба, до гореспоменатиот датум Ернандес треба да се појави во Мадрид.

Францускиот дефанзивец, до заминувањето во Баерн, играше за Атлетико.

Останува да видиме што ќе се случи со неговата кариера во германскиот шампион, и каква ќе биде реакцијата на Баварците доколку навистина останат без важен играч една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот