Шок во светот на тенисот: Вкупно 181 играч под истрага

фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Еден од најголемите скандали го потресе тенисот, според францускиот медиум „Лекип“, надлежните органи истражуваат 375 мечеви под сомнение дека се наместени.

Тие се играа помеѓу февруари 2014 и јуни 2018 година, а под будното око на истражителите се наоѓаат дури 181 тенисер.

Главниот човек на операцијата наводно е 32-годишниот Григор Саркисјан, познат како „Мастер“ и обвинет за поткуп на тенисери и местење мечеви.

На „мета“ на овој криминалец поврзан со ерменската мафија беа играчи под 200 место на АТП листата.

Нивните имиња не се споменуваат, но нивните мечеви се следат поради нивната вмешаност во овој скандал. Тарифите се движеа од 400 до 3000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот