Шок во Хрватска: Динамо Загреб поразен на стартот од новата сезона

EPA-EFE/Neil Hall

Хрватскиот шампион за кого настапуваат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, доживеа шокантен пораз на стартот од новата сезона.

Динамо на домашен терен е поразен од Славен Белупо со 0:2. Одлуката околу победникот падна во второто полувреме, првот во 51. минута Иван Крстановиќ го отвори резултатот за на пет минути до крајот на натпреварот Бруно Богојевиќ да го постави конечниот резултат.

Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за Динамо Загреб, додека вториот македонски репрезентативец Аријан Адеми остана на клупата поради одлуката на тренерот Крзнар да го поштеди пред натпреварот во квалификациите за пласман во ЛШ против Омонија кој ќе се игра в вторник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот