ШОК ВО ФОРМУЛА 1, Фетел се повлекува, негова замена ќе биде Ботас

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Гласините дека четирикратниот шампион, Себастијан Фетел сериозно размислува да замине во пензија се зголемија измиатиот викенд за време на трката за Големата награда на Монте Карло.

Германецот е незадоволен од ситуацијата во Ферари, инженерите на италијанскиот тим не можат да му конструираат конкурентен болид и во шесте трки сезонава, шест пати славеше двоецот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас. Токму поради тоа што не може да влезе во сериозна битка со ривалите од Мерцедес, Фетел почнал да размислува за пензија.

Германецот со болидот на Ред Бул освои четири шампионски титули и сакаше успесите да ги повтори и најславниот тим во Формула 1, Ферари. Тој во изминатите две години водеше биотка со Хамилтон но поради своите грешки и грешките на инженерите на Ферари, титулите ги освои Хамилтон.

Оваа сезона, Ветел кој се надеваше дека ќе ја донесе првата титула за Ферари по 2007 година, се наоѓа под голем притисок и поради младиот колега Шарл Леклерк кој вози одлично но нема среќа со болидот. Фетел на првите шест трки сезонава се наоѓа на третото место во генералниот пласман со 82 бодови, дури 55 помалку од лидерот Луис Хамилтон.

Според, познатиот Формула 1 новинар, Џо Сејворд, Германецот веќе гласно почнал да зборува за своето пензионирање, што ги натерало челниците на Ферари да тргнат во потрага по негова замена.

Како најсериозен кандидат за негов наследник се споменува Валтери Ботас, сегашниот возач на Мерцедес, Валтери Ботас. Освен возачот на Мерцедес, се шпекулира и со имињата на Серхио Перез, Кевин Магнусен и Роман Грожан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот