ШОК ВО ДРАЧ: Уловено „чудовиште“ од 500 килограми (ФОТО)

Во мрежите на албанските рибари од пристанишниот град Драч, денеска е уловена ајкула од видот „тигар”.

Рибарите се дел од екипажот на рибарскиот брод „Медуза” што лови во водите на Јадранско Море, од каде потврдуваат дека ајкулата е уловена на длабочина од 170 метри.

„Чудовиштето”, како што го нарекуваат медиумите, е тешко 500 килограми.

Фото: Миа

Случаите на фаќање ајкули во Јадранско и Јонско Море, од страна на албанските рибари, зачестија последниве години. Уловени се дваесеттина ајкули, сите на оддалеченост од неколку милји од морскиот брег. Тежината на претходно уловените ајкули беше од 100 до 400 килограми.

Меѓу уловените ајкули пет-шест се од опасниот вид „дем” која се смета за втора најсмртоносна ајкула по белата. Тие се уловени во водите на Јонско Море, кај Валона.

За првпат на крајот од минатиот месец туристите на плажата кај Дерми, биле изненадени кога ајкула им дошла преблиску. Тие биле во морето кога им се доближила ајкулата.

Дерми е една од најубавите плажи на албанското крајбрежје, која се наоѓа на 42 километри јужно од градот Валона. Откако бил даден алармот од чуварите на плажата, сите излегле од водата и тој момент го снимиле со нивните мобилни телефони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот