Шок во Англија: Навивач на Ливерпул шмрка кокаин од полициска капа (ВИДЕО)

Навивачи на Ливерпул ја прославуваат титулата/EPA-EFE/PETER POWELL

Навивачите на Ливерпул предизвикаа огромен скандал со тоа што излегоа да ја прослават титулата на нивните миленици во Премиер лигата со што го навлекоа бесот на англиската и светската јавност.

Неколку илјади навивачи се собраа пред „Енфилд“ иако надлежните служби апелираа да нема прослава или доколку излезат да се почитуваат мерките на социјална дистанца.

Очекувано, сето тоа беше игнорирано но Англија е во шок поради видеото кое се појави на социјалните мрежи на кое се гледа како еден навивач шмрка кокаин и тоа од полициска капа.

Според полицијата во Ливерпул, вечерта кога навивачите ја прославувале титулата имало регистрирано неколку напади на полицајците па медиумите шпекулираат дека и оттаму им е капата на навивачите. Медиумите исто така тврдат дека белиот прав е кокаин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот