ШОК: Светскиот шампион од 2014 година, Ширле ја прекина кариерата

epa05864703 Andre Schuerrle of Germany during the international friendly soccer match between Germany and England in Dortmund, Germany, 22 March 2017. EPA/FRIEDEMANN VOGEL

Фудбалерот кој е еден од најзаслужните за триумфот на СП во Бразил, одлучи да ја заврши кариерата на 29. години.

Само два дена откако изненадувачки го раскина договорот со Борусија Дортмунд, Андре Ширле, денеска одново ја изненади германска јавност. Тој објави дека ја прекинува кариерата.

– Долго време размислував за ова. Едноставно повеќе не ми требаат аплаузите – изјави Ширле.

Тој професионалната кариера ја заполна во Мајнц и по само две сезони во првиот тим се сели во Баер Леверкузен, а потоа и во Челси за 30 милиони евра.

Ширле не се наигра во двете сезони во Челси (2013-2015) иако беше еден од најзаслужните за триумфот на Германија на Светскотко првенство во Бразил во 2014 година.

во 2015 година тој се враќа во Бундеслигата и потпишува за Волфсбург каде помина само една сезона по што се сели во Борусија Дортмунд. Кратко играше и на позајмица во Фулам и во Спартак Москва по што изненадувачки одлучи да замине во пензија. Ширле за германската репрезентација настапи на 57 натпревари и постигна 22 гола.

Тоа по што ќе остане запомнет се двата гола во неверојатната победа од 7:1 над Бразил во полуфиналето на СП 2014, како и асистенцијата во финалето против Аргентина кога Марио Геце го постигна единствениот гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот