Шок на пазарот на криптовалути: Биткоинот денеска во дебел минус, инвеститорите претпазливи

Биткоин/ Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Биткоинот денеска бележи значителен пад, па цената на најпознатата криптовалута околу 11 часот се движеше околу 47.100 долари. Вредноста на дигиталната паричка е во постоијан минус од полноќ, кога нејзината вредноста достигна 49.000 долари.

Во последните 24 часа, биткоинот ослабна за повеќе од шест проценти по извесните корекции што ги бележеше во текот на минатата недела, а со него и, речиси, сите останати криптовалути.

По рекордната вредноста што ја достигна на 21 февруари (58.000 долари), што е речиси двојно од цената со која влезе во 2021 година, вредноста минатиот петок падна на 44.000 долари или за една четвртина помалку од рекордот.

За значењето на биткоинот говори и најавата на американската банкарска групација „Голдман Сакс“ за повторно воспоставување на трговско биро наменето за криптовалути. Тие го покренаа тоа ушпте во 2018 година, но тоа отворање настапи по падот на вредноста на биткоинот за 70 отсто, што го намали интересот за трговија.

Во меѓувреме се подобри и инфраструктурата и популарноста на криптовалутите, па се проценува дека институционалниот интерес за нив во 2020 година порасна за 470 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот