ШОК: Крај на кариерата за Серхио Агуеро

Серхио Агуеро поради проблеми со срцето мораше предвреме да ја заврши фудбалската кариера/ фото: EPA-EFE/Javier Lizon

Фудбалерот на Барселона, Серхио Агуеро ќе мора предвреме да ја заврши кариерата поради проблемите со срцето.

Како што пренесува новинарот Жерар Морено, а потоа истото го потврди и Фабрицио Романо, одлуката е конечна и Барселона е известена за здравствената состојба на Аргентинецот.

Агуеро изминатото лето од Манчестер сити дојде во Барселона и сезонава одигра четири натпревари на кои постигна еден гол.

Но, на натпреварот кој се играше на 30. октомври на „Камп Ноу“ помеѓу Барселона и Алавес, во 41. минута му се слоши на Агуеро, по што легна на тревата и се фати за градите. Фудбалерот веднаш беше префрлен во болница каде му беа извршени лекарски прегледи.


Првичните проценки беа дека Аргентинецот три месеци ќе биде надвор од терените, но деталните лекарски прегледи и анализи покажаа дека Агуеро нема да биде во состојба да ја продолжи кариерата.

Серхио Агуеро професионалната кариера ја започна во родната Аргентина и тоа во тимот на Индепендиенте за кого играше три години (2003-2006) пред да се пресели во Атлетико Мадрид каде помина пет сезони (2006-2011). Следен клуб во кариерата му беше Манчестер сити чиј дрес го носеше десет години, се до ова лето кога потпиша за Барселона.

Со Атлетико Мадрид триумфира во Лигата на Европа и во европскиот Суперкуп, додека со Манчестер сити освои пет титули во Премиер лигата.
Ова лето со репрезентацијата на Аргентина триумфира на Копа Америка, а има и златен медал од Олимписките игри во 2008 година. Со младата репрезентација на Аргентина до 20 година освои две светски титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот