ШОК И ЛЕЛЕЦИ ВО ЖИВО: Експлозијата ја турна новинарката на Би Би Си додека разговараше, соговорникот остана збунет (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/Twitter

Страотната експлозија што вчера однесе 135 животи во Бејрут ја остави светската јавност во шок.

На социјалните мрежи кружи видео снимка како експлозијата го прекина интервјуто на новинарката на Би Би Си Марјем Таоуми. Имено, таа разговарала со соговорник преку видео линк, а тогаш дошло до ударот кој ја турна камерата кај новинарката.

Во позадината на снимката може да се слушнат врисоци на женско лице бидејќи камерата продолжи да снима и после ударот.

Како што пренесуваат светските медиуми, ударот од експлозијата ја турна новинарката, но се наведува дека таа е добро и дека е на безбедно.

Според последните информации повеќе од 5.000 лица се повредени, но се стравува дека билансот би можел да биде значително поголем зошто спасувачките екипи се уште трагаат по лицата кои се водат како исчезнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот