Шок: Џенифер Лопез гледала како Џеј Зи и Пи Диди силуваат 13-годишно девојче?
Џенифер Лопез е вмешана во нов скандал кој го тресе Холивуд, а се поврзува со Џеј Зи. Познатиот музичар беше обвинет за силување на 13-годишно девојче заедно со Пи Диди во 2000 година, а сега се појавија стари фотографии на кои се гледа како Џеј Ло се расправа со Диди истата вечер кога се случил наводниот инцидент.
Џеј Зи пред неколку дена беше именуван во тужба како еден од мажите кои учествувале во наводниот напад и сексуална злоупотреба на малолетно лице во 2000 година на афтер-забавата по доделувањето на музичките награди MTV во Њујорк.
Во тужбата се наведува и дека во собата со жртвата била присутно уште едно познато лице, жена, која само ги гледала мажите како наизменично ја силуваат тинејџерката. Името на таа позната дама не беше споменато, но корисниците на социјалните мрежи тврдат дека се работи за Џенифер Лопез, која во тоа време се забавувала со Паф Диди.
Исто така, неодамна на интернет се проширија стари фотографии на кои се гледа како латино дивата жестока се расправа со раперот, а датираат уште од ноќта кога се случил наводниот страшен инцидент.
Jennifer Lopez caught up in Jay-Z rape scandal as unearthed photo shows her arguing with Diddy on night of alleged assault https://t.co/6Vg74yEq2b pic.twitter.com/pYDOf3umoh
— Daily Mail Online (@MailOnline) December 11, 2024
Да потсетиме дека пејачката беше во бурна врска со Комбс од 1999 до 2001 година, а оваа романса продолжува до ден денес да фрла сенка на огромниот успех на Лопез.
Предметната тужба, во која жртвата беше идентификувана само како Џејн До, првично беше поднесена во октомври и се однесуваше само на Паф Диди, но изменетата жалба поднесена на 8 декември, исто така, го именуваше Џеј Зи како еден од силувачите.
Претходно во тужбата пишуваше дека покрај Диди, ја силувала уште една позната личност додека била дрогирана и зашеметена, но таа веднаш не го открила идентитетот.
„Обвинетиот Шон Комбс, заедно со неговиот доживотен пријател и соработник Шон Картер, дрогирале и силувале 13-годишно девојче на последователна забава по доделувањето на наградите во 2000 година. Друга славна личност стоела и гледала како Комбс и Картер наизменично го силуваат малолетното лице.“, се наведува во тужбата.
Таа трета славна личност не беше именувана, но беше идентификувана како жена која жртвата веднаш ја препознала, пренесува „Б92“.