Шојгу: Се влошува воената и политичката ситуација во Европа

Сергеј Шојгу / Фото: ЕПА

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска оцени дека воената и политичката ситуација во Европа се влошува додека НАТО го зголемува военото присуство во близина на руската граница.

Шојгу на состанокот на Советот Русија – Франција во формат 2х2 изјави дека Москва и Париз треба заеднички да ги анализираат безбедносните проблеми во интерес на деескалација на ситуацијата во Европа и избегнување на воените инциденти.

Министрите за одбрана и за надворешни работи на двете држави разговараа за ситуацијата во Европа, на Блиски Исток и во Северна Африка, изјави рускиот заменик-министер за одбрана Александар Фомин.

Тој додаде дека се дебатирало и за стратешката стабилност и европска безбедност, контрола во вооружувањето и билатералните односи.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот