Шојгу се пофали: Со руските операции во Сирија целосно уништена Исламската држава

Сергеј Шојгу / Фото: ЕПА

Меѓународната терористичка организација Исламска држава (ИД) во Сирија е целосно уништена за време на руските операции и никој од нејзините членови не успеа да влезе на територијата на Руската Федерација, се наведува во авторскиот текст на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, објавен во весникот Црвена звезда по повод 5-годишнината од рускиот ангажман во таа земја.

„Задачата поставена од врховниот командант пред 5 години е целосно исполнета – меѓународната терористичка организација Исламска држава престана да постои во Сирија и никој од нејзините членови не успеа да влезе на руска територија”, вели генералот Шојгу во својот текст.

Според него, Исламска држава е „целосно уништена” и со сигурност може да се каже дека „меѓународното терористичко подземје во суштина е уништено”, пренува агенцијата ТАСС.

Шојгу констатира дека благодарение на ефективните активности на руските вооружени сили во Сирија, „оваа терористичка група е ефикасно спречена да ги продолжи своите активности во соседните области”.

На крајот на декември 2014 година, Врховниот суд на Русија ја прогласи ИД за терористичка организација и ги забрани нејзините активности на територијата на Руската Федерација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот