Шојгу: НАТО во 2019 година сериозно ја засили извидувачката мисија на руските граници

Фото: ЕПА

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го обвини НАТО дека во текот на 2019 година сериозно ја засилил извидувачката мисија на руските граници.

На средбата со рускиот претседател Владимир Путин тој кажа дека воздушното извидување е зголемено за една третина во однос на 2018 година. Копнените и поморските извидувачки мисии на НАТО се зголемени за 40, односно за 24 отсто во однос на лани, додаде тој.

-Секоја година НАТО спроведува 40 вежби со очигледни противруски намери, рече Шојгу, а пренесе Хина.

Путин на средбата изјавил дека Русија продолжува да го развива своето хиперсонично интерконтинетално оружје, што може да лета со брзина неколку пати поголема од брзината на звукот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот