Шојгу: Германската министерка за одбрана зборува како да е во основно училиште

Сергеј Шојгу / Фото: ЕПА

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, денеска ја оцени за „нагласено детска” изјавата на неговата германска колешка, Анегрет Крамп-Каренбауер, дека „со Русија треба да се разговара од позиција на сила”.

Говорејќи на 75-годишнината од големата победа во Втората светска војна, Шојгу потсети дека годинава во Црно море е пронајден бродот „Ерменија” со остатоци од цивили. Според него, ова е една од многуте епизоди на војната за кои треба да се зборува, јавија руските медиуми.

-Особено кога денешните генерации политичари, на пример од истата таа Германија, почнуваат да не учат како да живееме или дека со нас треба да разговараат од позиција на сила, рече Шојгу.

Руските медиуми наведуваат дека германската министерка неодамна во Бундестагот кажа дека со Русија, за разоружувањето, треба да се разговара од позиција на сила.

-Тоа е повеќе како говор на ученичка од пониските одделенија, со кој напаѓа ученици од друго училиште. И притоа таткото или мајката на ученичката е директор на училиштето и затоа таа може да си дозволи така да се однесува. Но, деца, ние сме во друго училиште и нашиот директор е некој друг, додаде Шојгу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот