Шоферот е виновен за автобуската несреќа, заклучија бугарските истражители

автобуска несреќа бугарија
Автобуска несреќа во Бугарија, загинаа 46 патници од Македонија/Фото: Nikolay DOYCHINOV / AFP / Profimedia

Истражниот тим во Бугарија кој ги испитуваше околностите на несреќата на автобусот на „Беса транс“ на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 луѓе, ја заврши истрагата. Заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов рече дека заклучокот на истражителите е дека возачот на автобусот, кој е меѓу загинатите, е виновен за несреќата.

„Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И високата, да кажам несоодветна, но не над дозволената брзина“, изјави Сарафов, според Дневник.бг.

Обвинителот вели дека по ова, останува да бидат известени роднините на загинатите, кои имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата.

Автобусот на „Беса Транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември. Веднаш по ударот, автобусот се запали, а во страотниот пожар загинаа 45 луѓе, Само седуммина од патниците ја преживеаја несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот