Шмит: Сега само ја следам состојбата во БиХ, потоа ќе преземам чекори

Меморијален центар во Сребреница / Фото: EPA-EFE/JASMIN BRUTUS

Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, изјави дека актуелната криза во оваа земја, предизвикана од одлуката на неговиот претходник Валентин Инцко да воведе закон со кој се забранува негирање на геноцид, може да се реши само со заедничка работа и разговори.

– Мислам дека треба да работиме заедно и затоа сум тука. Сега само набљудувам и потоа ќе почнам со некои работи, рече Шмит во интервју за телевизијата BN од Бјелина.

На прашањето дали има сигнал од претставниците на властите на Република Српска да разговараат со него, тој одговори потврдно.

– Нема да ви кажам кој ме контактирал. Ми се чини дека во оваа земја се што треба да биде доверливо некако допира до јавноста, нагласи Шмит.

Официјалните претставници на РС, особено српскиот член на претседателството на БиХ, Милорад Додик, не го признаваат Шмит за нов висок претставник, бидејќи неговото назначување не е потврдено од Советот за безбедност на ОН.

Шмит во интервјуто натаму посочува дека тој е висок претставник во БиХ, кој го контролира спроведувањето на Дејтонскиот договор и дека таканаречените „Бонски овластувања” се „алатката на високиот претставник во БиХ што му стои на располагање”.

– Сакам да направиме нешто заедно за сите луѓе во БиХ и им препорачувам на сите да учествуваат во тоа, а оние што блокираат значи се блокираат самите себе, рече Шмит.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот