Шмит: Поддржан сум од ЕУ и САД, ќе работам во корист на сите во БиХ

Архива

Високиот претставник за БиХ Кристијан Шмит денеска рече дека е одлучен да придонесе за промена на сегашната ситуација во БиХ и дека има силна поддршка од целата меѓународна заедница.

Еден ден по преземањето на функцијата, германскиот политичар ја одржа својата прва официјална средба со членовите на Претседателството на БиХ во Сараево, но присуствуваа само претседателот Жељко Комшиќ и бошњачкиот член Шефик Џаферовиќ, пренесува Блиц.

Српскиот член Милорад Додик не дојде, а претходно најави дека воопшто нема намера да се сретне со Шмит, бидејќи смета дека не е легално назначен на функцијата висок претставник оти не бил потврден од Советот за безбедност на ОН.

 

По состанокот, Шмит рече дека ја презел функцијата со силна волја да им помогне на граѓаните на БиХ и да го искористи целото свое искуство и силата на меѓународната заедница.

„Јас сметам на политичката поддршка на Советот за имплементација на мирот, кој ме назначи врз основа на одредбите од Дејтонскиот договор, како и на тесна соработка со Европската унија, а особено со САД“ рече Шмит.

Тој најави дека ќе се води според одредбите на Дејтон и уставот на БиХ и смета на целосна соработка со властите во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот