Шмит: Агресивната реторика во БиХ води до дестабилизација на мирот и безбедноста

Меѓународниот пратеник за мир на Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит / Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит ја осуди зачестената употреба на остра реторика и зголемување на бројот на инциденти во изминатите денови во различни делови на БиХ, што води кон дестабилизација на мирот и безбедноста, соопшти вечерва Канцеларијата на високиот претставник (ОХР).

– Агресивната реторика и потези, без разлика од каде доаѓаат, со кои се повикува на насилство или ги враќаат темните слики од војната, предизвикуваат јавна загриженост низ целата земја и претставуваат неприфатливо однесување, предупреди Шмит.

Според него, секој во БиХ, без разлика на верска, културна или национална припадност, има право на безбедност во секој дел од земјата.

Шмит нагласи дека избраните власти во секој ентитет и во секој кантон имаат должност да обезбедат мир, а полицијата да го истражи секој инцидент што носи немир меѓу населението, како што се случи поради минатонеделните инциденти.

– Високиот претставник е благодарен на одговорните службеници, безбедносните сили и судството, кои работат на исполнување на оваа обврска, соопшти ОХР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот