Шмид пред Вардар: Ранетиот „лав“ е секогаш најопасен!

rkvardar.mk

Вардар има тешко гостување в сабота (17.30 часот) кај екипата на Веспрем, а мечот доаѓа после високиот пораз од Кил. Дали Вардар ќе успее да се врати психички и да прикаже подобра игра останува да видиме.

„Веспрем Арената“ е жежок терен за секој противник, но не и неосвоива тврдина. „Црвено-црните“ знаат како е да се победува во оваа арена, тоа им успеа и минатата сезона кога славеа на гостувањето кај Веспрем.

Од друга страна, унгарскиот шампион во минатото коло ја прекина серијата од два последователни порази и пред своите навивачи убедливо го победи Порто. Картите се отворени, Вардар и Веспрем одлично се познаваат, шансите за победа се подеднакви, противникот има блага предност поради домашниот терен и преполната арена која е распродадена за овој меч.

Претходно се објави дека управата на клубот ќе биде во потрага по нов тренер, а привремено решение ќе биде Едуард Кокшаров.

Давид Дејвис, тренер на Веспрем:

– Вардар е бранител на титулата во Лигата на шампионите, еден навистина сериозен тим. Играат многу добро и од година во година се наоѓаат на врвот. Загубија единствено на нивниот последен натпревар во првите четири кола од групната фаза.

Андреас Нилсон, ракометар на Веспрем:

– Вардар е силен тим и ние загубивме во финалето од нив минатата сезона во Лигата на шампионите. Тие секогаш играат добро, но сега ја имаме предноста на домашен терен. Сакаме да продолжиме да играме добро и се обидеме да остатан двата бода со нас во Веспрем.

Расмус Лауге Шмид, ракометар на Веспрем:

– Вардар имаше лош натпревар минатиот викенд, како што ние загубивме, така и тие. Ранетиот „лав“ секогаш може да биде најопасен. Мораме добро да ја завршиме нашата задача и со истиот интензитет. Мораме грешките да ги сведеме на минимум како што тоа го направивме против Порто и мислам дека имаме одлична шанса да триумфираме в сабота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот