„Шлаканица“ за ЕУ од Орбан: Унгарија сака да го сруши ефективниот монопол на „Фајзер“, се ориентираме кон кинеската вакцина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија ќе се обрати до Кина за да добие вакцина против коронавирусот откако западните добавувачи и ЕУ не ги исполниле нивните потреби.

Орбан за Радио Косут изјави дека не е задоволен од темпото на централизирана набавка на вакцината во Брисел и дека Унгарија сака да го сруши ефективниот монопол на „Фајзер“ на пазарот на ЕУ.

– Идеално, би можеле да изберете дали сакате да се вакцинирате со вакцина од Запад или од Кина – рече Орбан.

Тој потсети дека некои западни земји надвор од ЕУ имаа ран пристап до вакцини на други компании како што се „Фајзер“, „Модерна“ и „Астраженека“.

– Постојат производители чии производи претходно беа подостапни во Канада, Велика Британија и Израел отколку во ЕУ. Но, тоа е работа на Брисел, тие треба да се справат со тоа – рече Орбан.

Тој изјави дека Унгарија добила доволно дози за имунизација на само 35.000 лица од речиси 10 милиони жители, додека државата има капацитет да вакцинира неколку милиони луѓе.

ЕУ досега нарача 300 милиони дози на „Фајзер“, што е доволно за да се имунизира околу една третина од 450 милиони жители на блокот.

Британија, која ја напушти ЕУ пред 11 месеци, вакцинираше скоро милион луѓе со вакцината „Фајзер“, а вакцинирањето со поевтината и полесна за чување вакцина од Универзитетот во Оксфорд и компанијата „Астраженека“ започнува утре.

Орбан рече дека неговата влада сега се свртува кон Кина, чија вакцина „Синовак“ е во третата фаза на клинички испитувања, што е ниво што Светската здравствена организација го смета за доволно за одобрување на масовната вакцинација со вакцината „Фајзер“.

– Сега бараме контакти на исток, бидејќи Брисел не го стори тоа. Подобро е да се застане на две нозе – рече Орбан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот