Шкупи за рејтинг, „пандевци“ за углед во реваншите во Лигата на Европа

Фото: fcakashkert.am

Екипите на Македонија ЃП, Шкупи и Академија Пандев денеска ги играат реванш натпреварите од првото квалификациско коло за Лигата на Европа во кои ќе се обидат да го подобрат впечатокот од првите натпревари, но и од вчерашната катастрофа на Шкендија која испадна од Номе Калју во квалификациите за ЛШ.

Најголеми шанси за пласман во наредната рунда има Шкупи кој на првиот натпревар во Ерменија, против Пјуник одигра 3:3 иако на десет минути до крајот имаше предност од два гола.

– Веројатно никој не очекуваше таков резултат (3:3), но во фудбалот мора да веруваш во себе ако сакаш да оствариш нешто. ИИмаме резултат со кој и 0:0 не носи во наредната рунда, но нема да играме на тие 0:0 цели 90 минути. Ќе ја играме нашата игра и се надеваме за добар резултат. Сите ние ја претставуваме Македонија и мора да играме подобро за да го промовираме фудбалот и да се избориме за подобар рејтинг – вели Умит Каран, тренерот на Шкупи.

За разлика од чаирчани, Македонија ЃП исто така против ерменска екипа, Алашкерт, ќе брка негатива од два голови. Во таборот на „лавовите“ се надеваат дека ќе успеат во намерата, но останува желбите да ги реализираат на теренот.

– Негативата од 3:1 е достижна. Сега знаеме многу повеќе за Алашкерт. Подготвени сме и ќе дадеме се од себе за да поминеме во следното коло. Ќе се обидеме да одиграме поофанзивно и да постигнеме брз гол – оптимистички расположен е тренерот на Македонија ЃП, Александар Таневски.

За разлика од Шкупи и Македонија ЃП, Академија Пандев во Мостар (19 ч.) ќе се обиде чесно да го заврши деби настапот во европските купови. „Пандевци“ загубија со 0:3 во првиот натпревар,а видлива беше и разликата во квалитет помеѓу двете екипи, па поради тоа реваншот ќе претставува формалност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот