Шкупи во плеј-офот на Лига Европа ќе игра со Карабах или Ференцварош

Шкупи против ирскиот Шамрок Роверс во третото квалификациско коло на Лига Европа/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Шкупи по елиминацијата во второто квалификациско коло на Лигата на шампионите, го продолжува европското лето во второто по ранг натпреварување, односно третото квалификациско коло на Лига Европа во кое ќе ги одмери силите против Шамрок Роверс.

Доколку македонскиот првак биде подобар во тој двомеч против Ирците, во плеј-офот на ЛЕ ќе игра против поразениот од пресметката Карабах (Азербејџан) – Ференцварош (Унгарија), квалификациски пар од ЛШ. Чаирчани би го играле првиот меч како гости.

Првите натпревари од плеј-офот на Лига Европа ќе се играат на 18 август, а реванш средбите на 25 август. Жрепката за групите во ЛЕ ќе се одржи на 26 август.

Лига Европа 2022/2023

Плеј-оф, двојки –

Днипро – АЕК Ларнака/Партизан
Гент – Омонија
Австрија Виена – Фенербахче/Словачко
Линфилд/Цирих – Харт од Мидлотиан

Марибор/ХЈК Хелсинки – Силкеборг
Малме/Дуделанж – Сиваспор
поразениот од Карабах/Ференцварош – Шамрок Роверс/Шкупи
поразениот од Макаби Хаифа/Аполон – Олимпијакос/Слован Братислава

поразениот од Црвена звезда/Пјуник – поразениот од Шериф Тираспол/Викторија Плзен
поразениот од Лудогорец/Динамо Загреб – поразениот од Бодо Глимт/Жалгирис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот