Шкупи стартуваше со победа во УЕФА Конференциската лига

Шкупи славеше во дербито со Ренова/Фото: fcshkupi1927

Денеска во првиот натпревар од 1 квалификациско коло во новоформираната УЕФА Конференциска лига составот на Шкупи славеше со 2:0 против Лапи од Косово.

Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ – во Скопје македонскиот претставник успеа да стекне убава предност пред реваншот кој ќе се одигра на 15 јули исто така од 20.00 часот во Приштина.

На денешниот дуел стрелец на првиот гол за клубот од Чаир беше 26-годишниот Кире Маркоски во 36 минута од средбата.

Конечниот епилог беше поставен во самиот финиш од дуелот (90+4`) со погодокот на интернационалецот од Руанда Абдул Рватубјаје после асистенцијата на Костариканецот Фреди Алварез.

Составот на Шкупи: Наумовски, Зука, Сенгхот, Рбатубјаје, Китановски, Чешмеџиев (Алији 82`), Алварез, Адем (Шабани 63`), Цветаноски (Трапановски 70`), Ѓорѓиевски, Маркоски (Иљази 82`).

Во текот на денешниот ден останатите две наши екипи во истото натпреварување Силекс и Струга Трим Лум одиграа реми во своите мечеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот