Шкупи сигурно чекори кон титулата, совладан и Работнички

Играчите на Шкупи ќе се обидат сезонава да ја донесат титулата на Чаир/Фото: fcshkupi.com

Фудбалерите на Шкупи славеа со 2:0 над Работнички во 23 коло од Првата фудбалска лига и направија нов исчекор кон освојување на првата шампионска титула.

Шкупи по триумфот над Работнички имаат 55 бода, дури 13 повеќе од второпласираниот тим на Академија Пандев.

Победата на Шкупи му ја донесоа Сандеј Адетунџи кој во 51 минута од средбата го постигна својот 16 гол сезонава и Марјан Радевски кој во судиското продолжение го постави конечниот резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот