Шкупи, Шкендија и Брегалница елиминирани од Купот на Македонија

Единствениот гол за ФК Шкупи против Лех Познањ го реализираше Марјан Радески/Фото: fcshkupi.com

Денеска се одигра три од четирите планирани средби во четвртфиналето од Купот на Македонија, како што е веќе познато поради лошите услови на теренот во Битола, се донесе одлука за одложување на мечот Пелистер – Вардар.

Останатите три меча започнаа од најавениот термин (13.00 часот), а во полуфиналето се пласираа Македонија ЃП, Струга Трим ЛУм и Силекс.

Интересно, сите победници ги дознавме после пеналите, по 90 минути игра мируваа мрежите на натпреварите Македонија ЃП – Шкупи и Шкендија – Струга Трим Лум.

Силекс и Брегалница имаа по еден погодок (1:1), штипјани водеа од 47 минута со голот на Ѓокиќ, а израмни Каланоски (56`). Во пенал серијата клубот од Кратово беше подобар со 5:4.

Моментно водечкиот во шампионатот Шкупи загуби со 4:1 од Македонија ЃП во ударите од белата точка, а стружани ја елиминираа Шкендија во Тетово со 4:3, за домаќините непрецизни беа Гури и Нафиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот