Второ засилување на Чаир: Шкупи потпиша со дефанзивец од Словачка

По Арби Воша од Македонија Ѓорче Петров, Шкупи го претстави и второто засилување за наредната сезона.

Нов фудбалер на чаирчани е словачкиот централен дефанзивец, Михал Пинтер кој доаѓа од најсилниот тим во Словачка Злате Морваче. Пинтер е дефанзиец кој треба да донесе сигурност во одбраната на Шкупи кој наредната сезона ќе се обиде да ја врати титулата која оваа сезона ја освои Струга.

„Среќен сум за шансата која ми се укажа, се надевам дека ќе бидам здрав и ќе можам на најдобар начин да му помогнам на тимот. Во последните неколку месеци не играв фудбал поради повреда, па затоа со нетрпение чекам да започнам“, изјави Пинтер.

Договорот кој го потпиша Пинтер има важност на две сезони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот